МакедонијаНовостиСиндикат

Ако не ја зголемат платата на вработените во јавниот сектор прават кривично дело

   Време за читање 1 минута

Мартовската плата на околу 60 илјади лица треба да биде повисока за 2000 денари велат од Сојузот на синдикати на Македонија. Според нив се работи за усогласувањето со минималецот, кој сега е 22.500 денари.

Од синдикатот посочуваат дека одлуката за повисока минимална плата сè уште не е објавена во „Службен весник“,а тоа како што велат ги плаши да не бидат вработените изиграни.

„Станува збор за 2.500 денари наспроти 2.500 евра плати на функционерите. Ако не се објави во „Службен весник“ тоа е кривично дело. Ова усогласување е согласно законите и потпишаните колективни договори“ велат од ССМ

Од ССМ го повторија нивниот став дека и покрај зголемувањето на платите тие не се доволно зошто цените во продавниците растат многу побрзо. Тие ја посочуваат пресметката на синдикалната кошница за која се потребни речиси 1000 евра да се покријат основните потреби на едно семејство во текот на месецот.

„Во март во однос на февруари трошоците се зголемени за над 1500 денари. Најмногу раст има кај храната. Цените во овој дел до скоро беа под контрола со мерката за замрзнување, но Владата одлучи таа да престане да важи“ посочуваат од ССМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *