Ако сакаме поголеми плати, мораме да ја промениме структурата на стопанството, дециден е Димитров
Го прашавме нашиот соговорник и за тоа како е можно, на пример, нашите кои заминуваат на сезонска работа да бидат попродуктивни таму отколку во Македонија. Димитров посочи дека продуктивноста на еден работник, во наједноставен случај, се мери со бројот на парчиња кои ќе ги произведе на една машина. Но ако еден работник работи на едноставна машина, а друг на автоматска машина или при работењето се користат роботи и автоматски производни линии, тогаш таа споредба е погрешна.
Помладите работници, за разлика од нивните родители, очекуваат поголеми плати за својата работа.
Со ова се согласува и Претседателот на Собранието на Организацијата на работодавачи на Македонија и бизнисмен, Ангел Димитров. Според него, на ова најмногу влијаат условите на пазарот на трудот.
„Нормално е работниците поинаку да се однесуваат кога на пазарот има 300,000 невработени, а поинаку кога има 100,000 невработени. Исто така, новите технологии, информатиката и поврзаноста на младите со околината и светот влијае на нивниот поглед на работата и животот“, вели Димитров за порталот Работник.
Денес, како што вели нашиот соговорник, се трага по брза заработка, лесна работа без големо оптоварување и се следат богатите и успешните луѓе, не само во светот на бизнисот, туку и на спортот, музиката, филмската индустрија и т.н.
Дали растат платите на работниците?
Димитров вели дека просечните плати растат, и тоа не само номинално, туку и реално, бидејќи растат со поголем процент во однос на инфлацијата.
Но тој повеќе го гледа проблемот во структурата на стопанството.
„Проблемот е во структурата на стопанството и продуктивноста која е различна во секоја гранка [во приватниот сектор]. Гранките кои бараат многу повеќе капитал и инвестиции по вработен, нормално е да имаат повисока продуктивност и со тоа да исплаќаат многу повисоки плати од трудоинтензивните гранки кои имаат многу помали вложувања по вработен“, посочи Димитров.
Промената на структурата на стопанството = поголеми плати
За да имаме поголеми плати мора да се промени структурата на стопанството и да превладуваат гранки кои ќе генерираат поголема додадена вредност, вели нашиот соговорник.
„Но за ова покрај капиталот кој го спомнав е потребно и многу повеќе знаење, кое за жал кај нас го нема. Ретките исклучоци на разни таленти и креативни кадри заминуваат во странство и придонесуваат за тамошните економии“, истакна нашиот соговорник.
Ова, според него, значи дека покрај компаниите и образованието, голема улога има и државата со обезбедувањето на услови за стопанисување. За да може целиот систем да функционира, на прво место треба да имаме владеење на правото, почитување на законите, добри институции, инфраструктура и сѐ она што се подразбира по добро владеење.
Македонските работници се продуктивни во странство, но не и тука – во што е цаката?
Го прашавме нашиот соговорник и за тоа како е можно, на пример, нашите кои заминуваат на сезонска работа да бидат попродуктивни таму отколку во Македонија. Димитров посочи дека продуктивноста на еден работник, во наједноставен случај, се мери со бројот на парчиња кои ќе ги произведе на една машина. Но ако еден работник работи на едноставна машина, а друг на автоматска машина или при работењето се користат роботи и автоматски производни линии, тогаш таа споредба е погрешна.
„Затоа продуктивноста на еден народ или држава најдобро се гледа преку Бруто домашниот производ по жител. Оваа продуктивност е резултат на сите наши залагања за стварање на поголема додадена вредност или Бруто домашен производ на ниво на држава“, вели Димитров, додавајќи дека Македонија е меѓу последните држави во Европа по овој показател.
„За тоа сме виновни сите ние, почнувајќи од работниците, претприемачите, администрацијата, образованието и на крајот политичарите кои ја водат оваа држава“, рече Димитров.
Миле Бошков, Претседател на Бизнис конфедерација на Македонија во интервју за Блумберг Адриа посочи дека недостатокот на инвестиции и иновации се главни причини за ниската продуктивност.
„Не знаењето на корпорпоративниот и јавниот сектор за управување со работниците. Тоа е најголемиот проблем кај нас, бидејќи недостасува систематско водење на работниците, недостасува опис на работните места… Покрај тој опис на работни места, нема норми, без разлика дали станува збор за количина, време, идеја, изработена одредена задача итн.“, рече Бошков.

