Ако сте добиле картичка „Купувам домашно“, сега нема да добиете 6.000 денари на сметка

Законското решение со кое ранливи категории граѓани ќе добиваат по 6.000 денари на трансакциска сметка и ќе можат да ги користат со нивната дебитна картичка ќе биде изгласано во Собранието наскоро, уверуваше заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски, пишува Фактор.мк

Но, важно е да се истакне дека во законот е тоа дека пари не може да добијат лицата кои веќе користеа финансиска помош со картичките „Купувам домашно“, претходно годинава.

Во насока на финансиска поддршка на што е можно поголем број на засегнати граѓани, како и доделување на средствата на оние лица кои имаат вистинска потреба од истите, заради запазување на фер третманот и правичноста при распределбата на финансиските средства, со членот 9 од Законот се уредува дека лицата кои примиле финансиска поддршка согласно Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на дебитна платежна картичка за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба не можат да користат финансиска поддршка согласно овој закон, стои во законот.

По 6.000 денари на сметка добиваат граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 денари пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници. Конечната листа кој се ќе добие помош сепак ќе ја изготвуваат неколку институции, а ќе биде објавена на kupuvamdomasno.gov.mk откако Законот ќе биде изгласан во Парламентот и ќе биде објавен во Службен весник.

Целиот текст на Фактор.мк.