ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Коронавирус бонус од 1.000 евра за работниците на Daimler во Германија

Германскиот производител на автомобили Dajmler  објави дека на своите вработени во Германија ќе им исплати по 1.000 евра „корона бонус“, со цел да го надомести нивниот личен и економски товар затоа што мораат да носат заштитни маски и да работат од дома, пренесува Reuters…

„Поради COVID -19, оваа 2020 година беше година на посебни предизвици. За време на овие исклучителни денови, компанијата отсекогаш можеше да смета на флексибилноста и подготвеноста на својата работна сила”, изјави шефот на Daimler за човечки ресурси Вилифред Порт.

Околу 160.000 вработени во Германија ќе добијат бонус од компанијата од Штутгарт, производителот на марката Mercedes-Benc, се додава во агенциската информација.