ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

АЛАРМАНТНО: Годинава за 6 месеци згаснале 5.022 фирми, лани за цела година 6.214!

   Време за читање 3 минути

Во првото полугодие од годинава згаснале 5.022 фирми. Овој податок е алармантен, ако се земе предвид дека минатата година, за сите 12 месеци, бројот на згаснатите фирми бил 6.214.

Ако се анализира по месеци, податоците на Pari.com.mk и БизнисМрежа.мк. покажуваат дека најмногу згаснати фирми има во февруари, односно тогаш официјално биле избришани 3.403 фирми. Но, бришењето на голем број на фирми во вториот месец од годинава е вообичаено, односно тогаш Централниот регистар ги брише компаниите кои не се активни, согласно член 552 од Закон за трговски друштва. Станува збор за фирми кои не доставиле годишна сметка и финансиски извештаи за последната деловна година до последниот работен ден од тековната година, или не пријавиле упис на адреса на електронско сандаче, или не улатиле основачки влог во пропишаниот рок.

Но, ако во минативе години, бришењето на по околу 3.000 неактивни субјекти е вообичаено за февруари, она што можеше да се забележи во другите месеци од првото полугодие од годинава, е зголемена динамика на затворање на фирми што отишле во стечај и ликвидација, а тоа, за жал, оди во прилог на предвидувањата на дел од стопанствениците дека нивната „деловна кондиција“ се троши и дека оваа година ќе има и повеќе откази од лани и покрај генералните процеси на економско задравување.

1 1

Извор: БизнисМрежа.мк

Ако се анализира, во кои сектори најмногу компаниите ставиле клуч на врата, состојбата покажува дека  на прво место настрадала трговијата (на големо и на мало) каде биле затворени дури 1.622 фирми, или 32,3 проценти од сите затворени фирми. На второ место биле компаниите во секторот објекти за сместување и сервисни дејности со храна – каде се затворени 604 фирми, или 12 проценти од сите фирми и на третото неславно место се компаниите од преработувачката дејност со 543 фирми, или 10,8  отсто од сите фирми затворени во првите 6 месеци од годинава.

2 1

3

Извор: БизнисМрежа.мк

Како и што се очекува, најмногу згаснати фирми има во Скопје – 1.935, или речиси секоја трета згасната фирма (38 проценти од сите фирми) била во главниот град. На второ место по згаснати фирми била Битола со 257 згаснати компании,  а на третото Тетово со 235 фирми. Над 200 згаснати фирми, имаат и Гостивар (229) и Куманово (220). Во групата над 100, а помалку од 200 згаснати фирми, влегуваат  Штип, Струмица, Струга, Прилеп, Охрид, Кочани, Кичево, Кавадарци, и Велес.

4

Извор: БизнисМрежа.мк

Ако се анализира според видот на субјектот,  најмногу згаснати субјекти во првите 6 месеци од ова година има од регистрираните друштва со ограничена одговорност од едно лице – ДООЕЛ. Од 5.022 згаснати фирми, 3.540 се ДООЕЛ.

Редакција Пари