МагазинНовости

АЛО: МАКЕДОНЕЦОТ „САКСА“ ЗАРАБОТИЛ 3,1 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ИГРАЈЌИ ДОТА 2: Со заработката е прв гејмер на Балканот, зад него се гејмери од Србија и БиХ

   Време за читање 1 минута

Дека видео игрите можат да бидат повеќе од хоби покажуваат и вртоглавите суми кои гејмерите ги заработуваат. Победите во е-спорт натпреварите носат стотици илјади евра

Податоците од страницата escharts.com покажуваат дека во светот има 65.824 регистрирани професионални играчи, а меѓу нив само 1.903 се жени.

Заработката им го привлече вниманието на медиумите затоа што гејмерите и тоа како можат да заработат големи пари и да бидат милионери. Според вкупната заработка пред осум години, водечки гејмер е Данецот Јохан Сундштајн (30) под името „N0tail“. Во текот на кариерата заработил неверојатни 7,18 милиони долари.

Втор по ред е Финецот Џес Ваиника (32) „JerAx“ со 6,49 милиони долари.

Трет е Французинот Себастиен Феликс Дебс (32) „Ceb“ кој инкасирал 5,93 милиони долари.

Интересно е што дваесетте најплатени играчи играат Dota 2.

Регионот го прослави Мартин Саздов (29) „Сакса“ од Македонија, кој е на високото 24 место. Тој заработил 3,1 милиони долари играјќи ја Dota 2.

Алекса Цветковиќ (22), од Србија попознат по името „Queasy“ заработил нешто повеќе од милион долари играјќи Fortnite и се наоѓа на 167. место на листата.

Од регионот, поточно од Босна и Херцеговина, се издвојува и Никола Ковач (27) „НиКо“ кој со заработка од 1,3 милиони долари се најде на 108. место на најплатени гејмери ​​кои играат Counter Strike, пишува Б92.

Извор: Ало.рс

Фото: Pixabay