Просечната плата во Хрватска изнесува 1,323 евра
Во Хрватска просечната месечна нето плата по вработен во правните лица во април оваа година изнесувала 1,323 евра, а медијалната 1,110 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според овие податоци кои ги пренеле локалните медиуми, просечната плата за април номинално е поголема за речиси 18 % во однос на истиот месец минатата година, а реално за 13,7 %.
Најголема нето плата во април била исплатена во информациските услужни дејности, 2,483 евра, а најниска во производството на облека, 837 евра.
Медијалната плата изнесувала 1,110 евра, односно половина од вработените имале помалку, а половина повеќе.
Извор: Н1
Фото: Shutterstock

