- Advertisement -
ПравдаСветот на работникот

Ампева: Децата нема да ги оставиме на улица за да некој прави профит

457views

Фејсбук статус на Кристина Ампева, Претседателка на Здружението “Гласен Текстилец”:

✅ Вработените ослободени од работа според листата на хронични, со исклучок на оние со потврда од лекар-специјалист, сите родители на деца кои досега беа ослободени се враќаат на извршување на работните задачи од 23 септември;
✅ Престанува да важи мерката за продолжено породилно отсуство;

Advertisement

Ова се одлуки од 4та седница на Влада. Па како некој што ги прати уредбите цело време, имам право да знам со цел да одговорам на прашања на работници и работнички.
📌Во ред, се вадат потврди од специјалисти и остануваат хронично болните ослободени од работни обврски. Каква ќе биде исплатата, пак ли ќе се соочуваме со откази и разно разни преписки? Дали државата ќе помага на овие луѓе бидејќи не се виновни за тоа што имаме население кое беше под разни транзиции, осиромашено, со најлошо здравство и лоши услови за работа, како на пример јас, која си заработи алергија и чести пневмонии додека не си заминав од работното место?
📌Како тоа се враќаат сите родители од 23.09 на работно место? Ајде градинките се отворени, ама училиштата кои почнуваат физичка и онлајн настава од 01.10? Што со школските деца до 10 годишна возраст? Ќе има ли дневен престој или децата на улица да си ги фрлиме во име на профитот на приватниот сектор кои очигледно се привилегирана каста во државава, па заради нив можеме да газиме и по децата?
📌 До некна се трубеше на големо продолжено породилно до 31.12, сега се предомисливме? Ајде градинките се отворија, така? Што е со бремените жени кои се особено ранливи? Да ги фрлиме нив во оган?
📌Што е со самохраните родители? Каде се тие во целата приказна?

Драги мои владини преставници, да ви пишам нешто па белки ќе си читнете и размислете. Знаеме дека треба да се продолжи и живее со ова чудо наречено Ковид 19, дека трпат сите. Ама свесни сте и дека хронично болните , бремените и децата нема да ги пуштиме низ вода во име на нечии профити, некои кои злоупотребија државни пари, ама затоа нели,некако заборавивте намерно, па ни збор не сум прочитала од вас.

Advertisement
Advertisement

И на крај, пак, знам дека касата ни е никаква, ама тоа е поради тоа што делите пари на газди кои си ги ставија парите в џеб а делеа откази. Тоа е поради вашите лимузини, патни трошоци чиниш на Марс патувате и ради вашите заменик, вице на вице премиер, подзаменик, 15 потпретседатели, 300 заменици на замениците.
Ако сакате да заштедите, штедете од таму, не од здравјето и животот на мојот народ, на работниците и работничките и нивните деца!

Advertisement