Uncategorised

Ампева: Минималната плата мора да биде 500 евра

   Време за читање 1 минута

Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ инсистира минималната плата да се покачи на 500 евра, преку модел со намалување на придонесите. Својот став таа денеска го истакна преку фејсбук објава:

  • Минималната плата мора да се покачи на 500 евра нето. Значи мора. Преку замрзнување на придонесите. Не знам зошто новата ни влада е толку против замрзнување на придонеси кога и тие кога беа во опозиција го бараа истото, вели Ампева.

Ампева смета дека освен поголема плата, прифаќањето на овој модел ќе има и други придобивки:

  • Ќе има поголем нето износ кај вработените со нијниски приходи, ќе се намали сивата економија преку она пари во плик и повторно истите даноци ќе се слеваат во фондовите за пензиско и здравствено осигурување, додава Ампева.

Според Ампева, тоа што фондовите се оштетени и недоволни за покривање на трошоците, не треба да биде проблем само за работниците:

  • Тоа што некои краделе од овие фондови не може да го плаќаме ние. Затоа постојат финансиска полиција , јавно обвинителство и закони, нека има конечно конфискација и вратите парите назад во фондовите, констатира Ампева.