Ампева: Минималната плата мора да биде 500 евра
Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ инсистира минималната плата да се покачи на 500 евра, преку модел со намалување на придонесите. Својот став таа денеска го истакна преку фејсбук објава:
- Минималната плата мора да се покачи на 500 евра нето. Значи мора. Преку замрзнување на придонесите. Не знам зошто новата ни влада е толку против замрзнување на придонеси кога и тие кога беа во опозиција го бараа истото, вели Ампева.
Ампева смета дека освен поголема плата, прифаќањето на овој модел ќе има и други придобивки:
- Ќе има поголем нето износ кај вработените со нијниски приходи, ќе се намали сивата економија преку она пари во плик и повторно истите даноци ќе се слеваат во фондовите за пензиско и здравствено осигурување, додава Ампева.
Според Ампева, тоа што фондовите се оштетени и недоволни за покривање на трошоците, не треба да биде проблем само за работниците:
- Тоа што некои краделе од овие фондови не може да го плаќаме ние. Затоа постојат финансиска полиција , јавно обвинителство и закони, нека има конечно конфискација и вратите парите назад во фондовите, констатира Ампева.

