„Бунт на македонските работници“ – лавина од реакции по предлогот за ревизија на неработните денови
Синдикатите, работници, па речиси целокупната јавност на нож го дочекаа предлогот на Стопанската комора за ревизија на празниците и намалување на неработните денови. Нарекувајќи ги од несреќна изјава, па се до обвинвања за тешко нарушување на работничките права. Откако ССМ веќе до одби предлогот, вето на предлогот даде и Конфедерацијата на Слободни Синдикати. Тие тврдат дека и сегашниот број на неработни денови е помал споредбено со земјите од Европската Унија. Кај нив има по 7 неработни дена за време на Новогодишните и Божиќните празници додека пак македонските граѓани имаат едвај еден ден, а претходно не било така.
-Ако земеме во предвид дека преходно Нова Година се празнуваше два дена, се празнуваше први мај два дена. Ако земеме дека Велигден нема поместување беше 4 дена со прв и втор ден Велигден сега е Велики петок ќе видиме дека немаме повеќе неработни денови и ако направиме споредба со земјите околу нас или со земјите од Европа кои што имаат споено Новогодишни и Божиќни празници други празници денови на одмор и така натака ќе видиме дека во државата немаме многу неработни денови–вели претседателот на КСС Благоја Ралповски.
Додаваат дека во Македонија голем број на работодавачи не им ги даваат ни задолжителните 23 денови за одмор на работниците и во најголем дел од случаите првиот дел од одморот го сведуваат на пет дена со споен викенд. Многу е важно работодавачите повеќе да ги почитуваат работничките права.
-Законот за работни односи од страна на многу работодавачи не се почитува и сега сакаат уште помали права да донесат за работниците. Ако земеме дека во Србија од 30 до 35 дена одмор. Ако во Грција има 30 дена одмор со нашите 20 кои што голем дел од работниците не ги добиваат мислам дека нема простор да разговараме на оваа тема– вели претседателот на КСС Благоја Ралповски.
На социјалните мрежи пак врие. Ретко кој го подржува предлогот на стопанската комора. Повеќето граѓани сметаат дека со ова се загрозуваат работничките права.
-Плати на дно работа до плафон.
-Да се зголеми минималната плата на 800 еврa.
-А да ја прашате Стопанската комора што направила за работниците. НИШТО.
Претседателот на Владата Христиjan Мицкоски исто така е против предлогот на Стопанската Комора и смета дека стекнатите права на работниците треба да се почитуваат. Инаку, Стопанската Комора на Македонија најави дека има подготвено измени на Законот за празниците. Предлогот предвидува секој вработен да има најмногу 13 неработни дена по основ на празници годишно. Исто така се предлага и празниците што паѓаат во недела да не се префрлаат како неработен ден во првиот нареден работен. Предлогот ќе биде доставен до Министерството за труд и социјална политика. Во Македонија има вкупно 11 неработни денови за сите граѓани. Покрај нив православните верници имаат уште 5, католиците 3 а муслиманите уште еден. По еден неработен ден имаат и сите припадници на малцинските заедници.
Извор: Алфа

