МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Ампева: Нашата синдикална организација започнува со работа во Ведра Текс

   Време за читање 1 минута

Фејсбук статус на Кристина Ампева, Претседателката на Гласен Текстилец:

Со радост ве известуваме дека започна новата ера во синдикалното движење во Македонија. ✊

✅Нашата синдикална организација започнува со работа во Ведра текс, Свети Николе.

❗Овој синдикат ќе гарантира правилно работење на компаниите, да биде слушнат гласот на работниците, вистински колектив каде ќе има взаемно почитување и вреднување на трудот.

‼️Поради нашата искрена и посветена работа како организација и како активисти, имаме кредибилитет и интегритет да ги истакнуваме добрите примери на работодавачи. За овие фирми да постојат и бидат пример, да бидат поддржани, да имаат раст и развој, но пред се, да имаме задоволни вработени во општествено одговорни фирми и членови на синдикатот.

🔴Фирми кои ќе се колектив од работодавачите и работниците, а не место каде ќе има притисоци и незадоволство.

👏Ова е иднината. Еве така ќе работи нашиот синдикат.

‼️Искрена почит до раководството на Ведра текс. Не секој сака да ме прими во неговата фирма, а особено па како синдикален претставник. Ова кажува многу за нив како семејна фирма каде работодавачите работат заедно со работниците. 👏