МакедонијаПравдаСветот на работникот

Ампева: Недела неработен ден за приватните работници, моловите, големите маркети…

Ампева: Недела неработен ден - Работник
953views

Ова е барање на здружението „Гласен Текстилец“ кое беше ставено во програмата на СДСМ, а сега е одобрено од Владата.

-Како активистка и член на здружението Гласен Текстилец бев поканета на трибината Агенда 20 -24, тематска трибина за социјална заштита. Она што кажав е дека во три и пол години имаме покачување на минимална плата на 12.000 денари, а сега и на 14.500 денари. Граѓанските организации конечно се вклучени во носење на закони, вклучени во социјалниот дијалог. Но она што треба да се направи во иднина е донесување на прецизен Закон за работни односи, нова евиденција на работно време како на работниците би им бил платен соодветно трудот за таа прекувремена работа, што сега не е случај. Факт е дека добар дел од работодавачите ниту ја евидентираат ниту ја плаќаат таа прекувремена работа или работа на празник.
Укажав дека неделата треба да е забранет за работа како луѓето вработени во приватниот сектор, особено оние во големите маркети и трговски центри би имале ден за одмор. Да започнеме да збориме и работиме за воведување на саатница, како и секоја поразвиена земја, ФБ статус на Кристина Ампева.