Ампева: Не е фер цело време да се бараат плати за јавниот сектор, додека приватниот колабрира
Фејбук статус на претседателката на Гласен Текстилец, Кристина Ампева:
-Секогаш јас и здружението сме ЗА покачување на плати, но НЕ на ваков начин
-Ова линеарно зголемување од 2800 денари не значи АПСОЛУТНО НИШТО, има колективни договори кои свесно ги избегнуваат
– Не е фер цело време да се бара за јавен сектор, а приватен го полни буџетот, и истиот тој приватен сектор колабира
-Имаме работници од приватен сектор кои едвај земаат минимална плата или воопшто не ја земаат, а овде бараме постојано за јавен сектор
-Ние во декември 2021 кажавме да го пресликаме црногорскиот модел и немаше сега да сме незадоволни и ќе имаше за сите достојни плати, преку ефикасни, системски и долгорочни решенија

