„Гласен Текстилец“ во овој период забележал и неисплата на минималната плата на работниците во фирми што добиле државни субвенции од Владата.

Тоа се народни буџетски пари, а на листовите за плати гледаме нешто, исплата и по 3.000 или 4.000 денари. Неколку пати реагиравме со Државниот трудов инспекторат, постапуваат и навистина сме задоволни што се експедитивни и успешно се процесуираат сите тие случаи, посочи Ампева.

Извор: Лидер