МакедонијаСиндикат

Неделков: Игрите продолжуваат, дел од актерите различни

Игрите продолжуваат, дел од актерите различни

Нема ништо спорно во остварената работна средба помеѓу министерот за култура и туризам Седат Сулејмани и претставници на СКРМ предводени од претседателот Вера Атанасовска. Напротив, тоа е легитимно и потребно.

Спорно е што се договориле?!

Се договориле да формираат две работни групи: една за колективен договор и една за законот за култура, составени само од членови на МК и СКРМ?!

И да се обидам да разберам дека министерот не знаел дека и СОНК е еден од двата репрезентативни синдикати во културата (што не е за разбирање иако е нов министер), гледам луѓе на сликава што и тоа како знаат што претставува СОНК.

Сеуште на ја знам причината за игнорирањето на нашиот синдикат како релевантен партнер на министерството, но конечно, од името на сите вработени во институциите во културата а членови на СОНК, барам одговор за односот на министерството за култура кон СОНК.

И да, колку и да сакате да претставите дека СОНК не е ,,фактор” во вашите пресметки, сепак сте се излажале