Прва официјална средба на претседателот Рамов со министерот за социјална политика, демографија и млади, г-нот Ѓоко Велковски
Фејсбук статус на СОНК:
Прва официјална средба на претседателот Рамов со министерот за социјална политика, демографија и млади, г-нот Ѓоко Велковски.
Во работна атмосфера, како рамноправни социјални партнери, отворени се сите прашања што ги тишти вработените во детските градинки. Особено се посвети внимание на прашањата поврзани со приправниците во градинките, големиот број на дечиња во групите – во одредени општини, проблеми поврзани со инкклузијата, методологијата и висина на платите, почитување на колективниот договор како и конечно потпишување на нов Колективен договор.
Двете страни се договорија што поскоро да се формираат работни групи кои ќе работат на затворање на отворените прашања.

