- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Ампева: Треба да се запрашаме дали сакаме да престанеме да бидеме Бангладеш на Балканот

Ампева: Треба да се запрашаме - Работник
467views
Фејсбук статус на Кристина Ампева: 
Нај нај итно ⚠️
✅Двете задоцнети плати наеднаш да бидат пуштени.
✅Секое едно лице да има право на здравствено осигурување.
✅Мораториум во наплатата на извршителите, кон банките и јавните претпријатија.
✅Да се спречи и ригорозно се казни секој работодавач кој ќе направи злоупотреба со последните сетови на мерки.
✅Јавноста да добие одговор што се случува со претходните пријави, предмети во јавното обвинителство и дали парите се вратени назад во народниот буџет.
❌Текстилната индустрија поради работењето со 95 % извоз на лон производство, немањето на значајни инвестиции и автоматизација во производството и сопствени брендови конкурентни на пазарот, ќе се соочи со особени потешкотии.
✅✔Важно е експертите и еснафот, ама реалниот еснаф со познавање, искуство и раководење во поранешните наши гиганти Македонка и Астибо (не оние новопечени богаташи), да дава препораки и укажува на потребни мерки да се спречи изумирањето на текстилната индустрија во Македонија, а со тоа и голем број на работници кои ќе завршат без работно место.
❓Ова требаше да се збори пред 2 децении, ама најлесно беше да се земе 0.5 центи од парче од брендовите и се користи евтина женска работна сила.
‼️⁉️Затоа потенциравме на автоматизација во почетокот на кризата а не субвенции на плати кои не беа потребни тогаш, реално. Е сега , да се прашаме дали сакаме 30.000 луѓе без работно место и којзнае колку во неформалната економија и сеуште никакви плати, или да престанеме да бидеме Бангладеш на Балканот.

Advertisement

Advertisement