Угостителските услуги во јуни поскапи за 2.6 % од истиот месец лани
Цените на угостителските услуги во јуни 2026 година се зголемени за 0.2 % во однос на претходниот месец. Споредено со јуни минатата година, пак, угостителски услуги поскапеле за 2.6 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Цените на угостителските услуги во периодот јануари – јуни 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 2.8 %, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 0.8 %.

