АНАЛИЗА: КОЛКУ ОД ВРАБОТЕНИТЕ РАБОТЕЛЕ ПОДОЛГО ОД ПРЕДВИДЕНОТО РАБОТНО ВРЕМЕ? (ГРАФИК)
- (ИНТЕРВЈУ) Коцевски: Како синдикат изразуваме поддршка за борбата против криминалните појави во МВР - 12/02/2025
- Сакате работа од соништата? Заборавете на CV – еве што навистина ви треба - 12/02/2025
- Колку претставки добил Државниот инспекторат за труд за неисплатен К-15 во 2024 година? (Графикон) - 06/02/2025
Согласно Законот за работните односи, работното време изнесува 40 часа неделно, но во пракса, особено во приватниот сектор, вработените работат и во сабота, па така му доаѓа дека работат вкупно 48 часа неделно.
Колку од вработените во Македонија работеле повеќе од 48 часа? Ова е прашањето на коешто редакцијата на порталот Работник побара одговор. Со оглед на тоа дека нашиот Завод за статистика нема вакви податоци, го консултиравме Заводот за статистика на Европската Унија – Евростат. На нивната веб страна пронајдовме податоци за Македонија од 2013 до 2020 година, но како репер ги зедовме последните 5 години.
Ако гледаме во однос на тоа во која година најголем процент од вработените работеле 49 и повеќе часа, тоа е 2017, кога 10,5 % од нив работеле повеќе од предвиденото работно време кое со сабота изнесува 48 часа. Бројот на вработени тогаш изнесувал 740, 648, што значи дека некаде над 77,000 вработени работеле 49 часа или повеќе часови. Потоа следува 2018, во која 9,6 % од вработените работеле подолго работно време, а бројот на лица што работеле подолго од предвиденото изнесувал над 72,000. Најмал е процентот за 2020 година – 4,2 %, односно над 33,000 од нив работеле 49 часа и подолго.
Намалувањето на бројот на вработени кои работеле повеќе часови во 2020 година, во голема мера се должи на пандемијата со Ковид -19, поради која имаше принудни одмори и отпуштања од работа.
Во продолжение график на вработени во државата кои работеле 49 или повеќе часа по години.
Процент на вработени лица кои работеле 49 или повеќе часа по години by Работник МкФото: Canva