- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Анализа на „Работник“ Над 160 илјади вработени примале плата од 20,000 до 30,000 денари во 2020 година

Над 160 илјади вработени - Работник
816views

Бобан Илијевски

Редакцијата на порталот „Работник“ направи споредба на податоците на Државниот завод за статистика за тоа колку е зголемен/намален бројот на вработени кои во 2019 и 2020 година земале плати од 5,000 денари, па се до повеќе од 40,000 денари.

Имено, ДЗС вработените ги сместува во 13 категории, започнувајќи со оние кои не зеле плата во годината за која се податоците, преку оние за кои е непознато колку плата зеле, неплатени семејни работници, па се до оние кои зеле плата поголема од 40,000 денари.

Ние тука ќе се задржиме само на платите, односно ќе ги опфатиме податоците за тоа колку вработени зеле плата од 5,000 до 40,000 денари и повеќе, во 2019 и 2020 година.

Податоците за 2019 година велат дека до 5,000 денари плата во 2019 година зеле 7,009 лица, додека во 2020 година оваа бројка изнесува 4,674 лица, што е за околу 33 % помала од 2019 година.

Од 5,001 до 8,000 денари во 2019 година зеле 12,551 лице, а во 2020 година 10,779 лица, со што нивниот број се намалил за над 14 %. Од 8,001 до 10,000 денари плата во 2019 година примиле 17,643 лица, додека во 2020 година, овој број изнесувал 15,055 лица, со што се намалил за над 14 %.

Бројот на вработени лица кои земале плата од 10,001 до 12,000 денари плата во 2019 година изнесувал 50,780, а во 2020 година тој број се намалил на 24,910 лица или за над 50 %.

Податоците велат дека во 2019 година најголемиот број на вработени или 229,150 земале плата од 12,0001 до 16,000 денари. Во 2020 година овој број е намален и изнесува 205,465 лица или за над 10 %. Од 16,0001 до 20,000 денари плата, во 2019 земале 188,069 лица, а во 2020 година оваа бројка е зголемена и изнесува 207,442 лица, со што е поголема за над 9 %.

Извор: ДЗС

 

Извор: ДЗС

 

Бројот на вработени во 2020 година кои примале плати на 20,000 денари се зголемува и тоа го покажуваат следните податоци:

Во 2019 од 20,0001 до 25,000 денари плата примале 135,669 лица, а во 2020 година тој број се зголемил на 161,010 лица или за речиси 16 %.

Од 25,0001 до 30,000 денари плата во 2019 година земале 50,751 лице, а во 2020 година тој број се зголемил на 73,082 лица или за над 30 %. Од 30,0001 до 40,000 денари, во 2019 година земале 24,868 лица, додека во 2020 година има зголемување на 32,576 лица или за над 23 %.

Во 2019 година од 40,000 денари плата и повеќе земале 11,835 лица, а во 2020 година овој број е зголемен и изнесува 13,827 лица, односно е поголем за над 14 %.

Исто така треба да се забележи дека бројот на неплатените семејни работници, од 42,284 во 2019 година, се намалил на 34,071 во 2020 година или за над 19 %.

Од друга страна, во март 2020 година започна пандемијата со Ковид – 19 во Македонија која предизвика бројни отпуштања на вработени. Агенцијата за вработување истакнува дека со состојба на 30.06.2021 година евидентирани се 16,817 невработени лица по основ на прилив од работен однос за кои престанокот односно одјавата од задолжително социјално осигурување е регистрирана во периодот после 11.03.2020 година, односно во периодот на кризата предизвикана од COVID-19 вирусот.

Инаку, во 2019 година вкупниот број на вработени, според Државниот завод за статистика изнесувал 797, 651, а во 2020 година 794,909, со што е намален за 0,34 %.