ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Ангел Димитров: Индијците се дојдени преку српска агенција за вработување

   Време за читање 2 минути

Претседателот на Собранието на Организацијата на работодавачи, Ангел Димитров, кој претходно објави дека работници од Индија се пристигнати на фарма и во млекарница во Свети Николе, денеска во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 дополни дека оваа ниско квалификувана работна сила е доведена преку српска агенција за вработување.

– Индијците во Свети Николе се дојдени во Македонија преку српска агенција за вработување и за нив се добиени сите пропишани согласности. Што се однесува до квотите што се пропишани од државата тоа ќе мора многу скоро да се смени и да се либерализира вработувањето на странци, изјави Димитров.

Тој додадава дека има и Македонци кои почнуваат да формираат агенции за вработување на луѓе од Далечниот Исток, но дека и тие луѓе што ќе дојдат тука наскоро ќе си заминат во Европа.

– Кога би имале квалификувана работна сила во Македонија, ќе доаѓаат и пософистицирани индустрии од странство во кои работниците ќе бидат подобро платени, вели Димитров и додава дека во групата невработени има најмногу со недовршено основно или со основно образование, вели тој.

Според Димитров платите мора да ја следат продуктивноста и дека не може вештачки да се зголемува. Како што додава, кај нас продуктивноста е многу ниска па ни покачувањето на минималната плата не предизвика поголема продуктивност, затоа е потребно да се инвестира во технологии и да се направи промена во структурата на стопанството.

Димитров претходно посочи дека сопственикот на млекарницата и фармата е задоволен од работниците од Индија. За нив има обезбедено сместување, храна, плата, здравствени прегледи, визи и тоа се едни од условите, за овие работници да дојдат и работат, во овој сектор.

„Пополека почнува да се примаат работници од странство, има нешто во земјоделието, кај нас на пример има дојдено во млечната индустрија од Индија, во градежништото веќе одамна има работници од Турција и далечниот Исток. Мислам дека овој процес во иднина ќе биде многу јак, затоа што се појавуваат многу агенции, кои сакаат со тоа да се занимаваат и да им биде тоа бизнис“, маведе Димитров за време на изминатиот викенд.