АнкетиНовости

АНКЕТА за работниците од земјоделскиот сектор

   Време за читање 1 минута
Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС како дел од проектот AGRI-EW спроведува кратка анкета. Проектот AGRI-EW има за цел да го подобри учеството на работниците во земјоделскиот сектор во земјите учеснички (Полска, Шпанија, Словенија, Северна Македонија, Романија, Италија и Србија) преку анализа на моменталната ситуација, како и идентификација и промоција на добри практики. Целите на проектот ќе се постигнат преку истражување, развој на различни материјали за обука, работилници и други проектни настани. Учеството на работниците вклучува различни форми на информативни и консултативни процедури кои произлегуваат од европските директиви и националното законодавство и практика, со цел работниците да се вклучат во процесот на донесување одлуки на ниво на компанијата за прашања кои влијаат на нивните работни услови, како и на нивните економски и општествените интереси. Иако синдикатите често се активно вклучени во овие постапки, тие се разликуваат од колективните преговарања за платите и за другите услови на работа. Европската правна рамка е поставена првенствено со рамковната Директива за информирање и консултирање (2002/14/EC), која ги дефинира општите принципи за минималните права на информирање и консултирање кои се задолжителни за сите земји членки, како и со Директивата за Европскиот совет на вработени (2009/38/ЕЗ), кој поставува соодветни правила за мултинационалните компании кои работат во Европската унија и Европската економска област. Целна група се работодавачите, работниците и претставници на здруженија на работодавачи и работници во земјоделскиот и прехрамбениот сектор.
До анкетата можете да пристапите тука