ПравдаСветот на работникот

Антикорупциска: Вработувањата во Пошта предизборен поткуп – 3 милиони евра потрошени за 5 години за патни трошоци

Антикорупциска - Работник
265views

Антикорупциска предупредува на предизборен поткуп по објавениот оглас за 280 вработувања во Македонски пошти на неопределено време. На два дена пред распишување на изборите, антикорупционерите велат дека овие вработувања не може да се реализираат, со што само се врши притисок врз гласачите.

Анализите на антикорупциска покажуваат дека за 5 години пратениците потрошиле речиси 3 милиони евра за патни трошоци. Во овој период 23 пратеници иако имале сопстствен или стан на близок роднина, сепак земале буџетски пари за да дојдат на работа. Иако од година во година се бележи намалување на патните трошоци, антикорупцинерите апелираат ова прашање да се регулира според можностите на државата.

Според анализата на целокупната документација, антикорупциска утврди дека нема судир на интереси при номинацијата на министерка за правда Дескоска да биде член на Венецијанската комисија. Ивановска вели дека Венецијанската комисија во својот статут предвидува дека нејзините членови не учествуваат ниту во расправата ниту во одлучувањето на прашања поврзани со земјата која ја претставуваат, со што комисијата  сама се штити од можноста за појава на судри на интереси.

Извор: Сител