СветСветот на работникот

ЕУ подготвува голема реформа на вработувањата: Во Брисел разгледуваат радикални потези, еве кого промените би можеле да погодат

Европската служба за избор на кадри (EPSO) се соочува се се’ поголема контрола од јавноста поради низата на пропусти кои привлекле големо внимание, како и обвинението дека повеќе не е способна да ја исполнува својата цел.

Европската комисија разгледува големи промени во системот за прием во европската јавна служба, среде притисокот на буџетот и се’ поголемите критики. Една од можностите е дури и укинување на Европската служба за избор на кадри (EPSO), пренесува Политико цитирајќи изјави на двајца службеници на ЕУ.

EPSO, основан во 2002 година, претставува своевидна капија за влегување во институциите на ЕУ. Неговата цел е меѓу илјадниците кандидати да ги избере најдобрите и најквалификуваните идни службеници на ЕУ.

Меѓутоа, службата се соочува со се’ поголема критика поради низа на сериозни пропусти, како и поради фактот дека ЕУ има се’ помалку работни места поради притисокот на долгорочниот буџет на Унијата.

„Едно од сценаријата е едноставно да се укине EPSO“, рекол еден службеник на ЕУ вклучен во разгледувањето на реформата. Последниот голем конкурс, на кој се пријавиле рекордни 174.922 кандидати, се покажал како „тотално неизводлив“, рекол службеникот, пренесува порталот.

Додал дека „трошокот за спроведување на ваквиот масовен потег е несразмерен на она што го добиваме од него.“

Другиот службеник на ЕУ рекол дека сегашниот модел „доаѓа до своите граници“, укажувајќи на тоа дека процесот на вработување моментално трае помеѓу две и три години.

„Ќе видите прилично далекусежни идеи за тоа како системот би можел да биде променет“, рекол.

Портпаролот на Европската комисија не одговорил веднаш на барањето за коментар.

Овие најави доаѓаат по низата сериозни пропусти. Еден од најпознатите се случил минатата година, кога поради техничка грешка речиси 10.000 кандидати за работни места во институциите на ЕУ морале повторно да го полагаат испитот, бидејќи нивните првобитни резултати биле поништени.

Кристиано Себастиани, претставник на синдикатот на вработените во институциите на ЕУ „Renouveau et Démocratie“, рекол дека EPSO не ја остварува својата цел на зголемување на вработувањето на кандидатите од послабо застапените географски подрачја и меѓу младите кандидати. Сепак, според него, службата треба да се реформира, а не да се укине.

„Постои улога во која таа пружа стручност на различни служби во процесот на вработување. Но потполното укинување би било погрешна порака до граѓаните на ЕУ“, порачал тој.

Извор: EUpravo zato.rs