- Advertisement -
МакедонијаСветот на работникотСиндикат

Апел на ССНМ за заштита на новинарите и медиумските работници за време на изборниот процес

191views

Со оглед на комплицираната ситуација поради коронавирусот, како и строгите протоколи кои ќе се применуваат на денот на гласањето, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги повикува Државната изборна комисија, политичките партии, како и сите надлежни институции да обрнат внимание на заштита на здравјето на новинарите и медиумските работници .

ССНМ посебно изразува загриженост за начинот на кој ќе се спроведе известувањето, односно покривањето од страна на медиумите на чинот на гласањето на високите партиски функционери, кои традиционално предизвикуваат големо внимание .

Advertisement

Од досегашното искуство при гласање на одреден политичар во гласачкото место влегувале над 15 сниматели и фоторепортери, што имајќи го предвид протоколот за гласање (најмногу двајца гласачи истовремено), како и големината на просторот каде што се гласа, претставува ризик како за медиумските работници, така и за претставниците на избирачките одбори и набљудувачите .

Затоа повикуваат навремено да се разгледаат овие потенцијално проблематични ситуации и да се донесат правила и протоколи според кои јавноста нема да остане неинформирана, снимателите и фоторепортерите ќе си ја завршат непречено својата работа, а притоа и здравјето на сите инволвирани ќе биде максимално заштитено .

Advertisement
Advertisement

Истовремено ги повикуваат медиумските работници максимално да ги почитуваат правилата и протоколите за заштита додека ги извршуваат своите работни задачи .

Апелираат до ДИК и другите надлежни институции да им овозможат на новинарите и медиумските работници безбедно да можат да си  ја вршат работата на денот на изборите .

Advertisement