Останува отворено прашањето за минималната плата, утре седница на Економско-социјалниот совет
Останува отворено прашањето дали ќе биде исполнето барањето на синдикатот за зголемување на минималната плата на 18.000 денари. Синдикатот и Владата вчера се состанаа, но одлуката ќе се носи во среда на Економско-социјалниот совет на кој ќе присуствуваат и работодавачите како трета страна на социјалниот дијалог.
Синдикатот бара зголемување на минималната плата веднаш и спирално зголемување на сите останати плати, а доколку не биде исполнето ова нивно барање, најавуваат штрајк, но не се исклучени и други форми на изразување незадоволство како протести и блокирање улици.
Повеќе на Бриф.мк
