ЕкономијаМакедонија

Леб прават, а само за леб работат: Просекот е помал и од минималната плата

Утрата мамат со мирисот на свежо испечен леб, ѓевреци и слатки печива штотуку излезени од фурна. Зад топлите задоволства стојат ноќни часови работа и армија луѓе што се грижат за производството – од пекари и слаткари до продавачи и друг персонал.

Во 870 компании што произведуваат леб, свежи печива и слатки во 2025 година имало 5.147 вработени, или само 15 повеќе од претходната година. Бројот на вработени речиси мирува, а извесно поместување има кај платите. Просечната плата се зголемила за 5,5 насто, од 22.035 на 23.246 денари, но сепак е за 1.133 денари под минималната плата, која лани беше утврдена на прагот од 24.379 денари.

Сепак, тој просек крие големи разлики. Меѓу најголемите работодавачи има плати од над 40 илјади денари, но и пониски, од околу 23 илјади денари. Кога ќе се погледне листата на десетте компании со највисоки просечни примања, се појавува интригантна слика од претежно мали фирми со скромен промет, уште поскромен профит, но со просечна плата и до 1.200 евра.

Повеќе тука