Останато

„Вештачката интелигенција никогаш нема да го замени наставникот“ – Одржана завршна конференција на проектот “ВИ – навигатори – оспособување на наставниците за ерата на вештачката интелигенција“ (Галерија)

Завршната конференција од проектот „ВИ навигатори – оспособување на наставниците за ерата на вештачката интелигенција“ се одржа денеска во просториите на хотелот Солун во Скопје. На конференцијата беа презентирани резултатите од двегодишниот проект. Заклучокот беше дека е постигнат голем напредок во вештачката интелигенција во образованието.

Конференцијата ја отвори, Билјана Лотеска, координатор на проектот, која се осврна на тоа како течеле обуките и имплементацијата на истите во времетраењето на проектот. Потоа поздравно обраќање имаше и Претседателот на СОНК, Јаким Неделков кој го поздрави проектот и кажа дека вештачката интелигенција има способност да им ја олесни работата на наставниците. Времето кое би го заштедиле потоа би можеле да го посветат на учениците со кои е потребно да се работи.

Следуваа презнетации од страна на ВИ навигаторите од Македонија кои на интерактивен начин покажаа како течела обуката, но и што научиле и што применуваат во секојдневната работа.

Ова е проект којшто се одвиваше во период од две години со учество на пет земји – Србија, Хрватска, Бугарија, Белгија и Македонија. Имаше интензивни семинари и обуки на наставници ученици и сите вклучени во образованието, рече Зенафер Бајмак – Грозданов, доктор по природно математички науки и нставник по математика во СОУ „Цветан Димов“.

Прашан за тоа дали како наставник ја користи вештачката интелигенција во работата, Бајмак – Грозданов посочи дека ја применува за олеснување на наставните процеси.

Бајмак – Грозданов посочи дека оние коишто биле скептични кон ВИ на почетокот, во текот на обуката сфатиле колку многу може да им помогне. Порача дека ВИ никогаш нема да го замени наставникот.

На конференцијата учество зедоа и преставници од Србија, Хрватска,. Бугарија и Белгија коишто ги презентираа своите резултати.

Проектот е во рамките на Еразмус+, спроведен е од Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), а е финансиски поддржан од страна на Европската унија.