МакедонијаСветот на работникот

„Аптив“ заминува од Бунарџик, „Џонсон Мети“ ќе намалува работни места – глобалната криза ги погоди и компаниите во македонските ТИРЗ

   Време за читање 1 минута

Една компанија го затвора погонот, друга ќе го намали бројот на работни места. Компанијата „Аптив“ која долго време функционира во Бунарџик и во која работат околу 500 лица, во одговор до Телма на прашањето дали ја затвораат фабрика во Скопје, велат дека поради оптимизирање на производствените капацитети, согласно случувањата на  глобалниот пазар, производство од Бунарџик го селат во нивните погодини во Полска и Португалија, а во Македонија се затвора.

Во дописот стои и дека имаат план за поддршка на вработените во текот на целата транзиција,  која ќе биде во согласност со локалните закони и прописи, односно ќе ги обештетат. Од друга страна, пак, добро познатата компанија „Џонсон Мети“ која, исто така, долги години работи во индустриската зона Бунарџик, ќе го намали бројот на работни позиции поради глобалните случувања. 

„Со оглед на неодамнешните глобални економски притисоци на автомобилскиот пазар, правиме прилагодувања на сменските модели во некои наши локации за да ја балансираме понудата со побарувачката во блиска иднина. Ова, за жал, ќе резултира со ограничен број на работни места кои би биле предмет на намалување“, се вели во дописот од „Џонсон Мети“.

Повеќе на Телма