Ауди затвора фабрика? 110,000 вработени остануваат без работа
Компанијата на Фолксваген, Ауди објавила дека не успеала да најде соодветен инвеститор за својата фабрика за луксузни електрични возила во Брисел, што го зголемува ризикот фабриката да биде затворена.
Ниеден од 26-те потенцијално заинтересирани инвеститори не понудил „одржлив концепт“ за иднината на бриселската фабрика, изјавил главниот оперативен директор на компанијата Ауди Герд Вокер, пренесува Блумберг.
Фолксваген претходно во јули објавил дека размислува да ја затвори фабриката за производство на луксузни електрични возила во Брисел поради слабата побарувачка за такви автомобили.
Бриселскиот производствен погон во кој минатата година биле произведени околу 50,000 автомобили има проблеми со долгогодишни предизвици како што се големите логистички трошоци.
Доколку најцрните прогнози станат реалност, Фолксваген ќе биде принуден да затвори некоја од своите фабрики за првпат од 1988 година.
Менаџментот на германскиот произведувач на автомобили Фолксваген одлучил да воведе обемна програма за штедење до 2026 и сака да затвори околу 110,000 работни места, за да се избори со загубата во касата која изнесува пет милијарди евра, пренеле медиумите.
Извор: b92.net
Фото: Shutterstock/Eric Glenn
- СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција - 19/04/2025
- Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение - 19/04/2025
- Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. - 18/04/2025