Афлек и Дејмон основаат компанија: Филмот не го сочинуваат само ѕвездите, туку и монтажерите, костимографите…

Бен Афлек и Мет Дејмон, едни од најголемите холивудски ѕвезди и најдобри пријатели, основаат сопствена продукциска куќа која ветува дека на прво место, меѓу другото, ќе бидат креативните луѓе – во смисла на помалку бирократија, а повеќе пари долгорочно.

Актерите кои заедно имаат три Оскари и кои својот талент со години го покажуваат низ разни улоги на А продукцијата, исто така имаат напишано и сценарија за разни филмови, односно се имаат појавено и во улога на режисери.

Во неделата објавиле дека ја лансираат „Artists’ Equity“, а идејата која стои зад новата американска компанија е да им се даде прилика на сите луѓе во филмската и ТВ индустрија, но наместо да плаќаат однапред, ќе се „одложат“ со дел од профитот.

Некогаш, пред стримингот, тоа била „норма“ на шоубизнисот. Актерите, режисерите и другите луѓе поврзани со филмот, често би имале договорено право на готовина, на основа на фактот дека нешто „поминало“ на касите во кината.

Ако филмот со текот на времето доживее популарност, не би биле „осудени“ само на еднократна исплата. Тоа е она што Бен Афлек и Мет Дејмон сега сакаат да го вратат.

Сакаат да се врати и дел од вредноста и средствата да се поделат на поправичен начин. Со други зборови, парите не оделе само кај сценаристите, режисерите и ѕвездите на филот, туку и кај кинематографите, монтажерите, костимографите и другите клучни уметници кои, според нив, се многу слабо платени.

 

„Artists’ Equity“ исто така има за цел да го направи она што големите студија не можат: да се тргне од патот и да им дозволи на креативците да имаат вистинска сопственост/контрола над својата визија, без вплектување на политиките кои имаат тенденција да ја попречуваат продукцијата, понекогаш и фатално.

Мет и Бен обезбедиле најмалку 100 милиони долари почетно финансирање од инвестициската компанијата „RedBird Capital Partners“, пишува tmz.com. Освен тоа, тука е и „скриената“ количина на пари која ја даваат од својот џеб.

Фото: Tanjug/AP