- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Барање од НУК: Работно време на угостителите не до 21 туку до 23 часот и тоа од понеделник

Барање од НУК - Работник
146views

На угостителите да им се дозволи да бидат отворени и по 21 часот и тоа од понеделник. Ова е реакцијата на дел од угостителите по вчерашната изјава на министерот Филипче, дека ако остане состојбата стабилна на угостителите ќе им се врати работното време до 21 часот. Велат ако е се во ред и бројките се пониски не ја гледаат причина поради која тие не би можеле да работат и по 21 часот и  тоа од сега, наместо да се чека да пројде 21 јануари – до кога важи мерката за работа до 18 часот.

Според нивните пресметки загубите од дополнителните рестрикции кои владата ги донесе пред новогодишните презници  се многу поголеми од првично очекуваните.

Според Јосифовски најавениот петти по ред пакет помош  е добредојден, но смета дека за угостителството како најпогоден секор треба да се донесе посебен сет мерки кои ќе биде договорен заедно со претставници од дејноста. Од почетокот на пандемијата со најголем дел од рестрикциите кои ги донесе владата беа опфатени токму угостителите.

Извор: Сител