ПравдаСветот на работникот

Безбедност и здравје при работа: Македонското здружение учи од позитивна италијанска пракса

Македонското здружение за заштита при работа, минатата недела организираше студиска посета во Италија, во фабриката Hitachi Rail Italy S.p.A.,фабрика за инжињеринг во железничкиот сообраќај, чии главни производи се дизајн и производство на железнички и возила за јавен превоз. Домаќини на македонската делегација беа: претставник од бордот на директори на компанијата, еден член на градската управа на Неапол и претставник на Стопанската Комора на Италија.  Македонската делегација предводена од в.д Претседателот на Македонското здружение  за заштита при работа (МЗЗПР), Петар Наумовски, од оваа посета се вратија со импресии но и нови трендови кога е во прашање безбедноста и здравјето при работа. Компанијата Hitachi е мултинационална компанија која што има имплементирано систем за безбедност и здравје при работа за своите вработени, кој што очигледно ќе биде пример, кој во иднина ќе мора да го следат сите компании кои што сакаат да бидат препознаени како општествено одговорни.

Повеќе на Фактор