- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Бектеши вели угостителите да работат во Недела, Шахпаска смета дека тоа треба да важи само за виталните дејности

„Купувам домашно“ се реализира - Работник
231views

Секторот туризам и угостителство треба да работи и во недела имајќи во предвид дека сакаме да го зголемиме туризмот во нашата држава и да привлечеме што е можно поголем број на странски туристи, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-Согласно Законот за трговија и Законот за туристичка дејност и угостителство ние ги пративме нашите предлози, анализи и компаративни анализи кои сме ги направиле со соседните држави, но и со државите од Европската Унија. Имајќи во предвид дека сакаме да го зголемиме туризмот во нашата држава и да привлечеме што е можно поголем број на странски туристи секако дека Секторот туризам и угостителство треба да работи и во недела, а за трговијата, посебно кај големопродажбата би можеле да направиме промени, рече Бектеши во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека првично треба да се направат консултации со стопанските комори.

Министерката Шахпаска контра Министерот Бектеши

Процесот за недела неработен ден продолжува со уште дебати, се во насока на донесување на таков закон, а дискусиите се водат со сите засегнати страни со цел што подобро решение. Ова го истакна денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во тетовска Брвеница на отворање на тамошната нова градинка.

-Дебата за недела неработен ден и легитимна, отворена и продолжува Министерството труд социјална политика да го води процесот. Сакаме да го слушнеме гласот на сите во државата за кои се однесува оваа предлог законско-решение. Нашата замисла и согласно ветувањето што е вградено како владина програма дека недела треба да биде неработен ден. Освен во дејностите кои што се витално важни за неопходно функционирање на општеството, истакна министерката Јагода Шахпаска.

Таа информираше дека мината недела се одржла онлајн состанок заедно со синдикатите, претставници на работодавачи и коморите. За во петок е закажана седница на економско-социјалниот совет.