НовостиПравдаСветот на работникот

Нема да се зголеми работното време на вработените во градинките, реагира Шахпска

   Време за читање 1 минута

Министерството за труд и социјална политика нема испратено допис за промена на работно време на вработените во градинките, вели министерката Јагода Шахпаска, откако Самостојниот синдикат за образование, наука и култура побара Министерството да реагира за, како што велат, незаконското зголемување на работното време на воспитувачките и негувателките кои, наместо да работат 6 и 7 часа, наложено им е да работат фиксно 8 часа.

„Нема зголемување на работното време и се е согласно закон и никој не дал насока да се крши тоа право. Министерството нема испратено никаков допис во кој што наведува или дава насоки за прекршување на правата на вработените во градинките. Апсолутно се работи според закон и колективен договор.  Како министерка за труд и социјална политика одговорно тврдам дека не се работи за никакво кршење на работничките права вклучително и за вработените во градинките. Се работи согласно закон и согласно колективен договор. Нас основна цел во периодот кога целиот свет се соочува со пандемијата со Ковид-19 нас како држава ние да се грижиме за безбеден престој на најмладите во градинките“, рече Шахпаска.

Таа потенцираше дека директорите на градинките го организираат работното време на своите вработени и сето тоа е согласно закон и колективен договор.