ПравдаСветот на работникот

Ексклузивно: Вработените во Катастар – Скопје ќе работат без клима до крајот на неделата

До крајот на неделата, вработените во новата зграда на Агенцијата за катастар и недвижности – Центар за недвижности Скопје ќе работат без клима којашто е со централно ладење и истата е расипана.. Ова за поралот „Работник“ го изјавија од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија. 

Од таму истакнаа дека раководителот на Центарот одбивал да ги пушти вработените дома. 

Од утре се очекува температурите да се искачат над 40 степени, а со тоа и ќе влеземе во портокаловата (алертна) фаза, па поради тоа вработените бараат да бидат пуштени дома додека не се обезбедат соодветни услови за работа. 

Имено, вработените во оваа институција работеле од дома во ек на пандемијата, па со тоа таа можност може да се земе во предивид доколку немаат услови да работат во канцелариите. 

Согласно член 39 од Законот за безбедност и здравје при работа, вработените смеат да одбијат работа доколку истата може да им наштети на здравјето.