Светот на работникот

Не морате да чекате пензија – се’ повеќе луѓе ја менуваат кариерата во средни години

Долготрајното незадоволство од работното опкружување, чувството дека нечија работа доволно не се цени или просто потребата за поголема контрола над сопственото време можат да станат многу поважни од сигурноста која носи останување на познат терен.

Истовремено, промената на професионалниот правец во средната животна ера подразбира поинакви околности од оние на почетокот на кариерата. Зад лицето се години искуство и развиени вештини, но најчесто и поголеми финансиски и приватни обврски поради кои одлуката не е можно да се донесе согласно сопствените желби, пишува Posao.hr.

Зошто луѓето се одлучуваат на промена на кариерата?

Важно е веднаш да се истакне дека, спротивно на одредени мислења, одлуката за промена на кариера ретко настанува преку ноќ. По правило всушност и’ претходи подолг период во текот на кој незадоволството на постоечкиот професионален пат постепено се насобира, а она што некогаш било прифатливо со текот на времето станува се’ потешко да се оправда.

Причините притоа можат да бидат различни и бројни. На пример, од чувство на стагнација и недостаток на простор за напредување, незадоволство со платата, работните услови или односот на работодавачот, до преголемото оптоварување и се’ поизразеното несогласување помеѓу она што работата го пружа и времето, енергијата и приватниот живот кој ги изискува.

Освен тоа, со годините се менуваат и личните приоритети. Работата која некому му одговарала на 25 години не мора да одговара на неговите потреби десет или петнаесет години подоцна. И она што е исклучително важно да се каже – тоа е потполно во ред.

Имено, со поголемото искуство често доаѓа и до појасна претстава за тоа каков начин на работа сака лицето, што префесионално му е важно и на кои компромиси повеќе не е подготвено да се согласува. Затоа, промената на кариерата често е резултат на низа помали спознавања и долготрајно преиспитување отколку една голема одлука.

Нова работа бараат се’ повеќе генерации

Одлуката за промена на кариерата по 30,40 или 50 години не е резервирана за мал дел од популацијата. Напротив, традиционалниот модел соред кој во текот на целиот работен век градиме една кариера се’ повеќе губи на значење. Податоците на американското Биро за статистика на трудот (BLS) покажуваат дека лицата родени помеѓу 1957 и 1964 година од 18 до 58 години во просек промениле 12,2 работни места.

Притоа, помеѓу 18 и 24 години имале просечно 5,6 работни места, но промените не престанале ниту во подоцните фази од кариерата. Помеѓу 45 и 54 години работа во просек промениле 2,2 пати, а помеѓу 55 и 58 години 1,3 пати. Со други зборови, професионалната мобилност не се завршува по триесетите, туку со годините се менува.

Дополнително, анализата на Pew Research Center покажала дека помеѓу април 2021 и март 2022 година, 60 % од работниците кои го промениле работодавачот оствариле реален раст на примањата, во споредба со 47 % од оние кои останале кај истиот работодавач.

Тоа покажува дека промената на работата или кариерниата насока на средината на работниот век не мора нужно да значи финансиски чекор назад. Освен тоа, треба да се истакне дека, психолошки, на околу 40 години влегуваме во поинаква развојна фаза во однос на онаа во која сме биле во текот на младите години.

Започнуваме покритично да размислуваме за тоа како работиме, но и зошто работиме токму таква работа, што ни носи и каква поента има за нас. Многу луѓе околу четриесетите години стануваат посвесни за поминувањето на времето, што може да го промени начинот на кој размислуваат за сопствените приоритети и да ја зајакнат потребата да се посветат на она што навистина им е важно, како и зад себе да остават нешто што сметаат дека има смисла и е трајно. Приоритетите можат да се променат поради приватните околности, на пример, родтелство, грижа за постарите членови на семејството или други блиски лица.

Во исто време, промената на кариерата не мора секогаш да биде поттикната од личното незадоволство. Се менуваат и индустриите, професиите и потребите на пазарот на трудот. Развојот на вештачката интелигенција и новите алатки веќе значително влијаат врз начинот на кој работиме, а се очекува да продолжат да ја менуваат и идната структура на работните места.

Нова кариера и нови почетоци

Експертка за развој на кариера за „Форбс“ истакнува дека успешната промена на кариерата пред сè бара добра проценка на сопствените способности, вредности и приоритети.

Пред да започнеме да бараме нов професионален правец, потребно е да освестиме што навистина ни е важно во работата, кои се нашите силни страни, на кои компромиси повеќе не сме подготвени да се согласиме и што очекуваме од идната кариера. Притоа, претходното искуство не треба да се гледа како нешто што го оставаме зад себе со промената, туку како збир на знаења и вештини што можеме да ги пренесеме во нова област.

Подеднакво важно е да препознаеме што нè кочело во досегашната кариера. Промената на индустријата или работното место сама по себе нема нужно да ги реши проблемите што се повторуваат.

Тешкотиите со поставувањето граници, застапувањето за сопствените интереси или комуникацијата може да се пренесат и во новата работна средина. Затоа, пред промената на кариерата вреди да разграничиме што е последица на конкретната работа и околности, а што се обрасци што би можеле да ги понесеме со себе.

Новиот професионален правец потоа треба темелно да се провери пред да се донесат големи одлуки. Разговорите со луѓе кои веќе работат во посакуваната област, проверката на условите за работа и можностите за вработување, потребните квалификации, едукации и очекуваните примања може да покажат колку нашата претстава за новата кариера се совпаѓа со реалноста.

Не брзајте

Ако е можно, корисно е новата работа најпрво да се испроба преку хонорарен ангажман, проект, едукација или работа паралелно со постојното вработување. Промената на кариерата, со други зборови, не мора да започне со отказ. Ваквите одлуки не се носат по кратка постапка или преку ноќ, но тоа притоа не значи дека мора да чекате месеци и години за на крајот да се одлучите за промена.

Конкретно, токму чекањето на моментот во кој целосно ќе бидеме сигурни во она што го сакаме, експертката го издвојува како една од најголемите грешки. Наместо да се обидуваме однапред да ги пронајдеме сите одговори, промената може да се гради постепено, преку помали и финансиски посигурни чекори. Конечната одлука тогаш не се заснова само на незадоволството од старата кариера или на идеализирана претстава за новата, туку на информациите и искуството собрани во текот на самиот процес.

Дали е потешко да се промени кариерата кога сме постари? Не нужно. Предизвиците пред сè се различни. Помладите работници, по правило, имаат поголема флексибилност и помалку професионални и приватни обврски, додека оние со подолг работен стаж во промената влегуваат со искуство, изградена мрежа на контакти и појасно разбирање на сопствените способности.

Прашањето така со годините се поместува од „дали имам доволно искуство?“ кон „можам ли да покажам дека сум подготвен да учам, да се приспособам и своето искуство да го применам во нов контекст?“. Токму затоа, годините сами по себе не мора да бидат пречка за промена на кариерата. Она што на прв поглед изгледа како недостаток може да стане предност ако досегашното искуство не се гледа како товар што нè врзува за старата кариера, туку како темел врз кој можеме да изградиме нова.

Извор: Bizportal.rs