- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Бектеши: Од утре ќе преговараме со соседите за ковид-пасошите

Бектеши: Од утре ќе преговараме - Работник
115views

Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција меѓудругото рече дека од утре Македонија ќе започне со преговорите со сите свои соседи за протокот на туристи за време на летната сезона и меѓусебното признавање на ковид-пасошите.

Според Бектеши, условите се исполнети за тоа со започнувањето на масовната имунизација денеска во Македонија.

„Од утре сите институции ќе стапат во преговори со сите наши соседи за признавање на ПЦР-тестовите и тестовите за антитела. Што се однесува до мојот коментар за домашните туристи, стратегијата на Владата го обврзува Министерството за економија да го поттикнува и да се направат програми за негова поддршка

Заедно со поддршка од Министерството за здравство и Министерството за надворешни работи, реков кога ќе започне имунизацијата, ние истовремено ќе ги започнеме преговорите за заемно признавање на ковид-пасошите“, рече министерот.

Сепак Бектеши рече дека прво Министерството за здравство треба да ги даде насоките, а потоа неговиот ресор ќе се надоврзе со потребните билатерални преговори за туристичката сезона.