- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Бектеши: Ќе ги вклучиме и претставниците на работниците во угостителството кога ќе предложиме нови мерки

Бектеши: Објавени три јавни повици - Работник
245views

На почетокот на пандемијата ние формиравме координативно тело. Точно е дека не беа вклучени угостителските работници, а ние како економски тим во Владата секогаш сме имале средби со синдикатите каде што тие ги презентирале нивните видувања за начинот на дизајнирање на таквите мерки, рече Министерот Крешник Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес – конференција на која го презентираше работењето на Министерството во првите 100 дена од Владата.

„Во моментот кога ќе предложиме дополнителни мерки, како Министерство за економија и како координативно тело ќе ги вклучиме и синдикатите или пак претставниците на работниците во угостителскиот сектор“, рече Бектеши.

Во однос на иницијативата на Независната угостителска комора до Уставниот суд за новите рестриктивни мерки, Бектеши рече дека не се размислува за друго решение, тоа е предлог на Комисијата за заразни болести. Нагласи дека тие постојано укажуваат на тоа дека ќе ги почитуваат сите нивни предлози имајќи во предвид дека тие се најстручни што се однесува до пандемијата. Истакна дека веруваат во нивниот капацитет, но вели дека нема да се извостават угостителите и дека ќе им излезат во пресрет како Влада, како што било и претходно.

Посочи дека рестриктивните мерки ќе бидат во сила се додека Комисијата за заразни болести не одлучи да донесе други мерки.

Бектеши истакна и дека од почетокот на пандемијата цел на Министерството е да се поддржи туристичко – угоститителскиот сектор. Вели дека е задоволен од искористувањето на ваучерите имајќи во предвид дека 400 милиони денари се веќе влеани во сместувачките капацитети, а дополнително на тоа уште еднаш се покажува дека Министерството за економија ги прави проекциите согласно реализацијата, нагласувајќи дека кога бил објавен четвртиот сет на мерки имало дополнителна поддршка за хотелиерството и приватните сместувачки капацитети, преку враќање на туистичката такса.

Вели дека дополнително на тоа, имајќи во предвид дека ваучерите можеле да се користат преку туристичките агенции тие одлучиле да им дадат дополнителни грантови на туристичките агенции.

„Оваа не е како директна помош. Тие можеа да користат и финансиска поддршка за исплата на плати, во висина на минимална бруто плата. Веќе го усвоивме четвртиот сет мерки каде што се ставени и изоставените категории на бизниси или пак на граѓани кои не можеа да добијат финансиска поддршка со третиот сет на економски мерки“, рече Бектеши.

Како што вели, во Буџетот за 2021 се обезбедни средства за Ковид програмата која вклучува дополнителни мерки и се во разговори со сите засегнати страни. Истакна дека доколку пандемијата или рестриктивните мерки имаат поголемо влијание во угостителскиот сектор, ќе усвојат дополнителни мерки со цел да бидат ликвидни, да можат да ги зачуваат работниците, но и за да можат да ја завршат нивната дејност.

Бобан Илијевски