СветСветот на работникот

Берлин на пат да го престигне Минхен: Германската престолнина се издигнува како нов економски центар

Минхен би можел да ја загуби својата долгорочна позиција како економски најмоќен град во Германија, покажуваат проценките на британската консултантска куќа Oxford Economics. Според најновото издание на Индексот на глобалните градови, Минхен моментално се наоѓа на 22. место на листата на највисоко рангирани урбани региони во светот, додека Берлин е на 29. место – но трендовите покажуваат дека разликата брзо се намалува.

Зошто Берлин е во подем?

Главниот економист на Oxford Economics, Дмитриј Грузинов, посочува дека Берлин има „робусни економски изгледи“, а посебно се истакнува како атрактивна дестинација за млади луѓе, благодарение на својата жива креативна сцена и технолошкиот сектор што постојано расте. Токму овие фактори се клучни за економскиот пораст на градот.

Иако Минхен сè уште има поголем бруто домашен производ – 283 милијарди долари споредено со 280 милијарди долари во Берлин – разликата е сè помала, а перспективите на Берлин се значително посилни.

Пет категории на рангирање

Индексот на глобалните градови рангира 1.000 големи урбани области низ светот во пет категории:

  • економска сила
  • човечки капитал
  • квалитет на живот
  • животна средина
  • управување

Во категоријата човечки капитал, која ги опфаќа старосната структура на населението и квалитетот на образовните и научните институции, Берлин бележи подобрувања и се наметнува како важен центар за таленти и иновации.

Какви се платите во Минхен и Берлин?

Според податоците од сајтот Relocate.me, просечната годишна плата во Берлин изнесува околу 55.000 евра, што е приближно 4.580 евра месечно или околу 27 евра по час.

Во Минхен, платите се малку повисоки – просечната годишна бруто плата е околу 56.200 евра, односно приближно 4.683 евра месечно. Тоа е значително над националниот просек во Германија, кој изнесува околу 52.000 евра годишно или 4.500 евра месечно, со просечна бруто саатница од 25 евра.

Според податоците од 2024 година на германскиот Сојузен завод за статистика, просечната плата во земјата изнесува 4.197 евра месечно, односно 50.200 евра годишно во бруто износ.

Што значи ова за иднината на германските градови?

Ако продолжи со истиот тренд, Берлин не само што ќе го надмине Минхен по економски параметри, туку ќе се позиционира и како лидер во привлекување на млади професионалци, иновации и инвестиции – што ќе има силно влијание врз идниот развој на германската економија.

Извор: EUpravo zato