- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Бизнисот не е запрен, потребно е најмногу да им се помогне на извозниците

Бизнисот не е запрен- Работник
104views

„Мора да се мисли и за периодот кога пандемијата ќе заврши, не само за сега. Компаниите кои вршат извоз мора да бидат помогнати од државата, но не може многу да се направи поради тоа што нарачки нема. Ликвидноста на компаниите мора да се одржува, добра беше мерката отплатата на кредитите, им даде простор за дишење на компаниите. Државата мора да им помогне на компаниите. Објективна е перцепцијата, сите бараат помош, но оваа криза не беше толку лоша, очекувањата беа дека ќе биде катастрофална. Не застана бизнисот. Веројатно не може сите компании да се спасат, но помошта пост ковид треба да се насочи онаму каде што оценуваат дека постои конкурентност, локомотивата која ќе ги повлече останатите делови од еконимијата. Индустријата и извозниците, според мене. Туризмот и угостителството најмногу беа погодени, нив со државен налог им се ограничува работењето“ – вели Зоран Јовановски од Стопанската комора на Македонија во Студио 10.

Повеќе на 24вести