ЕкономијаМакедонија

Битиќи: Да се опуштиме и да славиме Нова година во украсени градови

   Време за читање помалку од минута

Вицепремиерот за економија, Фатмир Битиќи, во своето гостување на Утрински брифинг, кажа да се опуштиме и да се дочека Нова година со украсени градови.

– Јас очекувам дека без разлика што ќе се случува со справувањето со енергетската криза треба полека да се опуштиме и да славиме Нова година во украсени градови и се надевам дека нема да биде во сивило кои го најавија новите градоначалници, вели вицепремиерот.

Тој додаде дека моменталната ситуација со кризата се должи на лошото менаџирање во последните 20 години, потенцирајќи дека цената ќе ја плаќаат идните генерации.

– За жал нашите деца ќе ја плаќаат цената. Не може енергетскиот сектор да се подобри за две години. За еден капацитет се потребни најмалку две-три години, истакна Битиќи.