ПОТРЕБНИ СЕ КАДРИ ЗАРАДИ ПЕНЗИОНИРАЊЕ – Еве какви кандидати бара Народна банка
Централната банка бара четири лица кои би сакале да му се придужат на тимот.
Од вчера на нивната веб страна е поставен нов оглас, со кој се бараат кадри кои би пополниле три работни позиции. Од она што го дознаваме, огласот се објавуа поради редовни пензионирања и потребата да се пополнат испарзнетите места.
Како што може да се забележи во огласот, се бара еден кандидат за работното место „помлад аналитичар почетен II степен“ во Отсекот за надгледување на платните системи во Дирекцијата за платни системи, на определено време во траење од 2 години. Тие исто така бараат двајца кандидати за работното место „помлад статистичар почетен II степен“ во Отсекот за изготвување и објавување екстерни статистики во Дирекцијата за статистика, на определено време во траење од 1 година и еден извршител на работното место „помлад супервизор почетен I степен“ во Дирекцијата за теренска супервизија, на определено време во траење од 1 година.
Повеќе на Фактор

