- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Битиќи: Има пари во буџетот и за нови мерки доколку бидат потребни

Битиќи - Работник
106views

Дали мерките се доволни е субјективна оценка, ние можеме да кажеме дека четирите пакет мерки кои Владата ги донесе минатата година, а кои беа таргетирани, покажаа дека кога знаете умешно да испланирате и таргетирано да ја дадете помошта, ефектите се секако видливи, рече Битиќи, одговарајќи на новинарско прашање.

„Во 2020 година имавме пад од минус 4 до 5 %. Без владината поддршка падот би бил минус 8,5 %. И тоа е суштинска разлика. Сме направиле ефект од 100 % од тоа што сме го дале. Вака една Влада треба соодветно да постапи. Ние, никако не можеме да се мериме со другите земји“, рече Битиќи.

Advertisement

Тој истакна дека остануваат на фактот дека ќе ги следат состојбите и дека ќе ги поддржат сите сектори коишто се во одреден момент погодени и ќе им помогнат заедно да ја надминат економската криза. 

Во ек на криза, како што рече Битиќи, државата влегува во инвестициски циклус и воошто не се колебаат дали треба да бидат поддржани и ќе продолжат уште повеќе да ги поддржуваат сите коишто сметаат дека со вистински чекори можат да излезат од оваа криза. 

Advertisement
Advertisement

Тој рече дека во Буџетот има доволно средства, бидејќи се знае и умее успешно да се менаџираат парите на нашите сограѓани.

На новинарско прашање дали ќе има ребаланс на Буџетот, Битиќи истакна дека сега за сега имаат алатки кои им овозможуваат да управуваат со јавните финансии, како алатката за пренамена на буџетските средства. Во овој момент, вели, Владата не размислува за ребаланс на Буџетот истакнувајќи дека и во период кога немало кризи, имале најмалку еден ребаланс и доколку е тоа потребно, ќе го сторат. 

Во однос на протестот на угостителско – туристичкиот сектор, Битиќи истакна дека последниот пакет мерки е наменет токму за нив и дека намерата на Владата преку истиот е да се поддржи секој еден субјект од овој сектор. 

Според него, сите владини програми, на сите министерства, оваа година се ориентираат кон справувањето со Ковид – 19. Тој рече дека мерките не треба да се гледаат парцијално, туку треба да се гледаат заедно со сите други програми и на крајот на годината ќе се анализира ефектот од нив. 

Бобан Илијевски

Advertisement