Светот на работникот

Како да пронајдете работа на која навистина ќе „оживеете“: Поставете си ги себeси овие ЧЕТИРИ прашања

Добра работа не е нужно онаа со најголема плата, најзвучна титула или најубава канцеларија. Понекогаш дури кога ќе го добиеме она што сме мислеле дека го сакаме сфаќаме дека сепак нешто важно ни недостасува.

Еден деловен лидер тоа го научил на потешкиот начин. Имал добра плата, искуство и ветување дека ќе напредува на една од највисоките позиции во компанијата. Сепак, годините поминувале, а неговата работа се’ повеќе се сведувала на администрација, извештаи и рутински задачи кои не ги сакал.

Работното опкружување било строго, бирократско и оптоварено со микроменаџмент. Дури добил и прилика да стане CEO во друга компанија, но ja одбил оти не сакал да се одрече од високата плата.

Дури тогаш го сфатил она што подоцна го опишал со едноставна метафора: „Златните лисици се и понатаму лисици.“

Со други зборови, високата плата може да биде причина да останеме на работното место кое не го сакаме, но самата по себе не значи дека таа работа е добра за нас.

Од тоа искуство протекнале четири прашања кои можат да му помогнат на секој кој ќе се запраша дали е на вистинското место.

1. Дали на работа навистина го користите она во што сте најдобри?

Тоа што сте во нешто добри автоматски не значи дека би требало со тоа да се бавите најголем дел од работниот ден.

Авторот, на пример, можел без проблеми да извршува административни задачи, но неговата најголема сила била комуникацијата и работењето со луѓе. Проблем било тоа што работата не му дозволувала доволно прилики да ги користи своите способности.

Затоа запрашајте се: Кои мои најдобри вештини оваа работа ги користи? А кои остануваат неискористени?

Постои голема разлика помеѓу тоа нешто да можете да работите и тоа што го работите навистина да ве движи.

2. Дали на работа се чувствувате почитувано?

Работата не мора да биде забавна секој ден. Не е реално да се очекува дека секоја работна задача ќе биде возбудлива.

Но постои разлика помеѓу работа која не е особено забавна и работно опкружување поради кое се чувствувате безвредно.

Затоа не е лошо да се запрашате:

  • Дали надредените ми веруваат?
  • Дали го почитуваат моето мислење?
  • Дали го ценат мојот придонес?
  • Имам ли доволно автономија да ја работам работата за која сум ангажиран/а?

Ако одговорот на поголемиот дел од овие прашања е „не“, проблемот можеби не е во тоа што не ја сакате работата, туку во културата на работното место.

3. Дали на оваа работа напредувате или само го насобирате искуството?

Кариерниот раст не мора секогаш да значи унапредување или нова функција.

Може да значи дека добивате поголема одговорност, учите нови вештини, работите на поизискувачки проекти или имате се’ поголемо влијание на одлуките.

Затоа важното прашање тука е едноставно: Дали и понатаму учам нeшто ново?

Бидејќи постои голема разлика помеѓу тоа да имате десет години искуство и да сте ја преживеале истата година десет пати.

Ако веќе долго време извршувате речиси идентични задачи, не учите ништо ново и не гледате простор за развој, можеби е време да размислите за следниот чекор.

4. Дали го менувате она што го сакате за плата?

Ова можеби е и најтешкото прашање.

Парите се важни. Имаме сметки, кредити, семејства и други обврски. Не секој e во позиција едноставно да даде отказ и да започне отпочеток.

Но проблемот настанува кога платата станува единствена причина поради која остануваме.

Затоа запрашајте се: Дали платата е единствениот аргумент кој го имам за да останам на ова работно место? И од што за возврат се одрекувам?

Притоа, одговорот не мора веднаш да биде – „давам отказ“.

Не морате веднаш да дадете отказ

Една од најинтересните идеи од оваа приказна е дека промената не мора секогаш да почне со нова работа.

Авторот, наместо да ја напушти компанијата, се обидел дел од својата постоечка работа да го прилагоди на она што го сака.

Започнал да учествува во обука на нови вработени. Неколку часа неделно поминувал разговарајќи со луѓето, претставувајќи им ја компанијата и одговарајќи на нивните прашања.

Одеднаш работата која му била извор на фрустрација добила дел кој го иполнувал.

Затоа, пред да одлучите да заминете, можете да се обидете да ја промените вашата моментална улога: пријавете се за нов проект, преземете поинаква задача, понудите да помогнете на другиот тим или запрашајте се дали можете да ја развиете вештината која особено ве интересира.

Пронајдете ја својата „Х точка“

Најдобрата работа можеби се наоѓа на пресекот на две работи: она во што сте добри и она што навистина ве интересира.

Затоа погледнете наназад. Што сте работеле низ животот, а не не сте забележале колку време поминало? Кои активности толку ве окупираат што заборавате на времето? Во што другите луѓе ви велат дека сте посебно добри?

Потоа пронајдете каде тие две работи се преклопуваат. Тука можеби се наоѓа вашиот најдобар професионален правец.

Не постои универзална формула за работа од соништата. Но постојат сигнали кои можат да ни покажат дека сме на добар пат: ги користиме најдобрите способности, се чувствуваме почитувано, учиме и напредуваме и работата ни дава макар мал дел од она што не движи.

Како што пишува авторот, нашиот досегашен живот веќе оставил траги кои можат да послужат како некој вид на мапа. Потребно е само да ги препознаеме и да имаме доволно храброст да ги следиме.

Извор: BIZLife.rs