„Бехтел и Енка“ отвори саем за вработување во Прилеп, бара 1.200 работници за автопатот
„Бехтел и Енка“ отвори саем за врабоотување во Прилеп на коој бара 1.200 работници за изградбата на автопатот Прилеп -Битола. Се бараат градежни и сообраќајни инженери, геодети, технички и лаборантски кадар, оператори на градежни машини, возачи и друг тип на работници.
“ Со забрзување на динамиката на изградба на автопатот Прилеп-Битола, се отвораат некаде околу 1.200 нови работни места, можност за вработување на околу 1.200 луѓе, што за целиот Пелагониски регион претставува огромна можност. Огромна можност за многу луѓе да најдат работно место, но исто така и да стекнат искуства и знаења коишто е ретка прилика да се стекнат, затоа што не се гради секој ден автопат. Ќе ги прочитам и точно професиите: за градежни и сообраќајни инженери, геодети, технички и лаборантски кадар, оператори на градежни машини, возачи, квалификувани и неквалификувани градежни работници”- изјави министерот за транспорт Александар Николоски.
Саемот за вработување ќе трае неколку дена. Просечната плата за 2025 година е 137.000 денари кај конзорциумот, а минималната е 60.000 денари што ја дава изведувачот на автопатите од Коридор 8 и Коридор 10Д.
Директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, додаде дека за „Бехтел и Енка“ во моментов работат 1.800 работници, но дека ќе бидат потребни уште 1.200 локални. Автопатот Прилеп – Битола ќе се гради до крајот на 2029, иако е рамничарски предел, затоа што, според Трајановски, има многу инфраструктурни ообјекти за расчистување.

