Светот на работникотСиндикат

БиХ: Два хотели ги отпуштиле сите вработени на привремено

БиХ: Два хотели - Работник
81views

Компанијата „Европа“ од Сараево, во чија сопственост се хотелите „Европа“ и „Холидеј’, ги отпуштила своите работници поради, како што е наведено, новонастатите околности предизвикани од ширењето на корона вирусот.

„За да го зачуваме опстанокот на компанијата, принудени сме сите работници кои се вработени во нашата компанија, на одредено време да ги пратиме под биро за вработување од 1 април, додека да се стабилизира ситуацијата во земјата“, наведено е во соопштението кое им е доставено на работниците, пренесува порталот „Кликс“.

Во соопштението се наведува дека „Бирото“ располага со голема пресметка креирана за овие вонредени ситуации, како и дека работниците ќе имаат можност да оствраруваат месечни примања се додека ситуацијата не се нормализира.

Од оваа компанија известуваат дека кога ќе се укине вонредната состојба, ќе се отворат границите и ќе престане забраната за работа, сите работници ќе бидат повикани да се вратат на работа.