МакедонијаПравдаСветот на работникот

(Галерија) Улогата на синдикатите во воспоставување рамнотежа помеѓу работниот и семејниот живот

На 15,16 и 17 октомври се одржува регионален семинар на тема: „Зајакнување на социјалниот дијалог во рамките на европскта интеграција – Улогата на синдикатите во воспоставување рамнотежа помеѓу професионалниот и семејниот живот“. 

На овој семинар учествуваат претставници на синдикати од Македонија и регионот, претставници од организациите на работодавачи и приватни агенции за вработување и претставници на Европскиот центар за прашања на работниците, како и д-р проф. по трудово право Лазар Јовевски, а целта е да се презентира и дискутира улогата синдикатите во воспоставување рамнотежа помеѓу професионалниот и семејниот живот.

На семинарот ќе стане збор и за работните односи во ек на пандемијата од Ковид -19, законската рамка и мерки за усогласување на професионалните со семејните активности, проблемите на приватните агенции за вработување со колективните договори кај работодавачите и корисниците, како и на други теми. 

 

[ngg src=”galleries” ids=”4″ display=”basic_slideshow”]