Боинг укинува 17.000 работни места и ја одложува испораката на 777X
Американскиот производител на авиони Боинг најави елиминација на 17.000 работни места, или околу 10 отсто од својата глобална работна сила, како и одложување на првата испорака на авионот 777X за една година и загуби од 5 милијарди долари во третиот квартал поради влијанието на штрајкот.
Во пораката до вработените, извршниот директор на Боинг, Кели Ортберг објасни дека таквото значително намалување е неопходно „за да се усогласи со нашата финансиска реалност“ по едномесечниот штрајк на 33.000 работници на западниот брег на САД, што го запре производството на 737 Max, 767 и 777 млазни авиони.
„Го намалуваме нивото на нашата работна сила за да го усогласиме со нашата финансиска реалност, повеќе фокусирани на збир на приоритети. Во наредните месеци планираме да ја намалиме големината на нашата вкупна работна сила за приближно 10 проценти. Овие намалувања ќе ги опфатат извршните директори, менаџерите и вработените“, се вели во пораката на Ортберг.